Стефан Андоновски (17 април 1991, Скопје) — македонски политичар, член на ВМРО – ДПМНЕ и тековен министер за дигитална трансформација. Андоновски активно ги зборува англискиот и италијанскиот јазик, а се служи и со грчкиот и германскиот јазик.
Образование и рана кариера Дипломирал во 2013 година на Правниот факултет "Јустинијан Први" во Скопје, за да веднаш по дипломирањето добие стипендија на Министерството за образование и наука и Владата на Република Македонија за студентите кои ќе бидат примени на 100 најдобри универзитети во светот според ранг листата на Шангајскиот Џиао Тонг Универзитет и запишува магистерски студии на Универзитетот Џонс Хопкинс во САД каде што станува магистер по меѓународни односи. Во моментов е докторант на Правниот факултет "Јустинијан Први" во Скопје.
Политичка кариера Како член на ВМРО–ДПМНЕ извршува повеќе партиски функции во партиските органи и во моментов ја извршува функцијата секретар за меѓународна соработка на ВМРО–ДПМНЕ и раководител на Партискиот истражувачко аналитички центар „Љубиша Георгиевски“ '
На локалните избори во 2021 година е избран за член на Советот на Град Скопје
Пред политичкиот ангажман, пет години работи во бизнис секторот во Македонија и е консултант на меѓународни донаторски проекти во областа на дигиталниот маркетинг, комуникации и медиуми. Има напишано трудови и колумни во домашни и меѓународни списанија, фокусирајќи се на меѓународна медијација и преговори, како и на уставни реформи во постконфликтни системи. Стефан Андоновски е и актуелен стипендист на Фондацијата „Конрад Аденауер“.
На 23 јуни 2024 година, Андоновски бил избран министер за новото Министерство за дигитална трансформација во Кабинетот на Христијан Мицкоски.
Наводи
Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ