1871  Во Италија е донесен закон со кој на Светата Столица ѝ се дозволува да има седиште во Ватикан. 1901  Македонскиот драматург Војдан Чернодрински ја основа првата македонска театарска група „Скрб и утеха“. 1961  Преку ТВ Белград е емитувана првата телевизиска емисија од Студио Скопје, наречена „Балкански концерт“ која ја изведоа првенците на Балетот при македонскиот народен театар, Елпида Пакоска и Јован Пашти. 1981  Атентат врз папата Јован Павле II во Рим. Папата го преживеа атентатот. 1990  Крвава пресметка меѓу навивачите на загрепски Динамо и белградска Црвена Звезда на стадионот Максимир во Загреб. 2001  Формирана е Владата на широката коалиција, во која учествуваат најзначајните политички субјекти ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП со премиер Љубчо Георгиевски. 13 мај