Националниот парк Вилсанди е морско заштитено подрачје во парохијата Сарема, округот Саре, Естонија. Вклучува дел од островот Вилсанди, голем број помали острови, соседните делови на западниот дел на Сарема, вклучувајќи го и полуостровот Харилаид.Vilsandi Rahvuspark in Estonia Protected Planet

Историја Паркот прераснал во резерват за птици основан во 1910 година. Тој е високо чувствителен екосистем, кој се користи како место за застанување и одмор од страна на многу птици преселници, како што се гуските и како место за размножување и гнездење за над 247 видови птици, од кои најзастапена е обичната патка. Една третина од сите заштитени растителни видови во Естонија може да се најдат и во националниот парк. Ловот е апсолутно забранет. Овој парк е популарна туристичка дестинација и за Естонците и за странските посетители, особено од Финска.

Поврзано Заштитени подрачја на Естонија

Наводи

Надворешни врски Националниот парк Вилсанди (на естонски) Националниот парк Вилсанди во Естонскиот државен центар за управување со шумите (РМК)

Категорија:Национални паркови во Естонија Категорија:Заштитени подрачја основани во 1957 година