Џуманџи: Добре дојдовте во џунглата () — американски фантастичко-авантуристички филм од 2017 г. во режија на Џејк Касдан, продолжение на филмот Џуманџи од 1995 г., заснован на истоимената детска книга на Крис ван Олсбург.

Филмот бил објавен во широко издание во Македонија на 28 декември 2017 г.

Содржина Кога четворица средношколци ќе откријат стара видеоигра за која никогаш порано не слушнале (Џуманџи), ќе ги вовлече во забавниот свет на џунглата и ќе ги натера да станат аватари по сопствен избор. Спенсер ќе стане археолог (Двејн Џонсон), спортистот Фриџ ќе стане вистински Ајнштајн (Кевин Харт), популарната девојка Бетани ќе стане средовечен професор (Џек Блек), а кревката Марта ќе се претвори во бестрашен воин (Карен Гилан). Меѓутоа, забавата наскоро ќе се претвори во нешто друго кога ќе откријат дека Џуманџи не се игра — тој се преживува. За да ја победат играта и да се вратат во вистинскиот свет, тие мораат да ја поминат најопасната авантура во нивните животи, да откријат што оставил зад себе Алан Париш пред 20 години и да го променат начинот на кој се гледаат себеси... или ќе бидат заглавени во играта засекогаш.

Улоги ГлумецУлогаДвејн Џонсонд-р Смолдер Брејвстоун / Спенсер ГилпинКевин ХартФренклин Финбар / ФриџЏек Блекпроф. Шелдон Оберон / БетаниКарен ГиланРуби Раундхаус / МартаНик ЏонасСиплејн Макдона / Алекс ВрикБоби КанавалеВан Пелт

Наводи

Надворешни врски

Матична страница

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Филмови од 2017 година Категорија:Филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови Категорија:Американски младешки филмови