мини|Чудесната Жена Чудесната ЖенаВо некои официјални преводи се нарекува Вондер Вуман. () — суперјунакиња од стрипови издадена од DC Comics. Таа првпат се појавила во All Star Comics #8, објавена во декември 1941 г. Чудесната Жена е амазонска принцеза (заснована на грчката митологија), позната во нејзината татковина како Дијана. Дијана редовно се појавувала во стрипови почнувајќи од 1941 г., со исклучок на краток период по Кризата на бесконечните земји во 1986 г., и станала една од најпопуларните ликови на златната епоха на стриповите и била една од само петте чии приказни продолжиле да бидат објавени по Втората светска војна. Таа е една од ретките популарни жени во стриповите. Дијана е сериозна, искусна јунакиња, но во срцето е љубезна, дружељубива и сочувствителна, подготвена да им помага на сите, важи за феминистичка икона и за исклучително привлечна жена не само според стандардите на суперхероите.

Наводи

Надворешни врски

Матична страница

Amazon Archives __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Измислени ликови Категорија:Американска култура Категорија:Измислени ликови од стрипови