Флоријан Клауд де Буневиал Армстронг (англиски: Florian Cloud de Bounevialle Armstrong; родена на 25 декември 1971), професионално позната како Дајдо ― англиска пејачка и текстописец. Светска популарност стекнала со нејзиниот прв албум No Angel (1999).

Животопис Дајдо е родена како Флоријан Клауд де Буневиал Армстронг, во Лондон, на 25 јануари 1971 година. Нејзината мајка, Клер (моминско Колинс), била поетеса со француско потекло, а нејзиниот татко, Вилијам О'Мали Армстронг (1938–2006), бил ирски издавач и поранешен извршен директор на Sidgwick & Jackson. Нејзин постар брат е музичкиот продуцент Роло (Роланд Константин О'Мали Армстронг), дел од британското електронско трио Faithless.

И покрај нивните родени имиња, тие уште од детството биле познати како Дајдо и Роло. Дајдо смета дека ова е нејзиното вистинско име, а не само уметничко име или прекар. Името „Дајдо“ потекнува од легендарната кралица од Картагина.

Кариера

1995–1996: Почетоци Пред да започне со соло-кариера, Дајдо пишувала песни и била придружен вокал на Faithless, денс-група од Обединетото Кралство предводена од нејзиниот брат, Роло Армстронг. Двата албума на Faithless снимени со Дајдо „Reverence“ и „Sunday 20pm“  станале платинести. Во 1995 година таа снимила 10 демо-нумери кои ги ставила на колекција под наслов Odds and Ends кои биле објавени од нејзината издавачка куќа (Nettwerk) за промотивни цели. Дел од овие нумери биле објавени на нејзиниот деби-албум од 1999 година, No Angel. Odds & Ends го привлекло вниманието на Питер Еџ од Arista Records и издавачката куќа кон крајот на 1996 година потпишала договор со Дајдо за САД.

1998–2006: Пробив на музичката сцена и први албуми Во 1998 година, музичкиот продуцент на филмот Sliding Doors како саундтракот ја избрал нејзината песна „Thank You“. Cheeky Records, која имала потпишано договор Дајдо, во 1999 година била продадена на BMG records. Ова го одложило објавувањето на албумот No Angel во Обединетото Кралство, но на Дајдо ѝ овозможило да се сконцентрира на промовирање на No Angel во САД. Преку турнеите музиката на Дајдо добивала се повеќе приврзаници. Првиот официјален сингл избран од Дајдо и од нејзината издавачка куќа, „Here with Me“, на почетокот не бил доволно забележан. Додека издавачката куќа размислувала да проба со алтернативна песна, Here with Me се пробила како резултат на тоа што била употребена во телевизиската серија Розвел.

Продажбата скокнала од 2.000 на 9.000 единици во текот на неделата на пренос на емисијата. Исто така, песната била искористена во британската романтична комедија Љубов всушност (Love Actually). No Angel бил објавен во 1999 година, а Дајдо имала интензивна турнеја за промоција на албумот.

Американскиот рапер Еминем ѝ помогнал на Дајдо да се претстави пред американската публика во 2000 година, откако претходно добил дозвола од Дајдо да го семплова првиот стих од „Thank You“ во неговиот хит-сингл „Stan“. Дајдо се појавила и во спотот за песната како бремена девојка на Стен.

No Angel станал најпродаван албум за 2001 година во светски рамки. Од албумот биле објавени сингловите: „Here with Me“, „Thank You“, „Hunter“ и „All You Want“. Бил сертифициран како платинест во над триесет и пет земји и се проценува дека се продал во над 21<span typeof="mw:Entity" id="mwxg">&nbsp;</span>милиони примероци ширум светот. мини|Дидо и Јусу Н'Дур ја изведуваат „7 Seconds“ во Live 8 во Хајд Парк Вториот студиски албум на Дајдо, Life for Rent бил објавен на 29 септември 2003 година и веднаш предизвикал интерес кај публиката. Албумот бил продуциран од нејзиниот брат Роло Армстронг и американскиот текстописец Рик Новелс. Првиот сингл „White Flag“ станал меѓународен хит во 2004 година. На Дајдо ѝ ја донел Брит наградата за најдобар сингл. Дајдо за спотот за оваа песна работела заедно со Дејвид Бореаназ, ѕвездата од сериите „Бафи убиецот на вампири“ и „Коски“. Вториот, насловен сингл, „Life For Rent“, станал хит во Европа. Синглот „Don't Leave Home“ поминал помалку добро. Четвртиот сингл „Sand In My Shoes“ поминал добро во Јужна и Источна Европа, како и во азиските земји. Синглот „Stoned“ (кој бил објавен само во Америка) станал клупски хит. Албумот „Life for Rent“ е продаден во 12 милиони примероци. Во 2019 година бил наведен како 15-ти најпродаван албум во 21 век во Обединетото Кралство.

2006–2017: Следни албуми Третиот албум на Дајдо, Safe Trip Home, бил објавен на 17 ноември 2008 година. Албумот, на кој Дајдо започнала да работи во октомври 2005 година, бил продуциран од Џон Брион и од Дајдо , а придонес имале и: Брајан Ино, Квестлав, Мик Флитвуд, Роло Армстронг и Мет Чембрлен. Албумот бил 44-ти најпродаван албум во светот за 2008 година, според IFPI.IFPI Во Обединетото Кралство албумот добил златен сертификат, што било огромен пад во однос на нејзиниот претходен албум кој бил деветкратно платинест. Албумот бил номиниран за Греми награда во категоријата Најдобро аранжиран некласичен албум.

Веднаш по објавувањето на Safe Trip Home, Дајдо започнала да снима нов материјал кој требало да биде вклучен во нејзиниот четврти студиски албум. Во јули 2009 година, Дајдо рекла дека албумот ќе има електронски пристап, во обид да го одведе во сосема поинаква насока претходните албуми. Во септември 2010 година, Дајдо го издала синглот „Everything to Lose“ откако претходно песната се нашла на саундтракот од филмот Сексот и градот 2 (објавен во мај 2010 година).

Во јануари 2011 година, Дајдо го издала синглот „If I Rise“. Песната ја пеат Дајдо и А.Р. Рахман, била компонирана од А.Р. Рахман, со текст на Дајдо и Роло Армстронг. За песната било објавено и официјалното музичко видео. „If I Rise“ била напишана за 127 Часа, трилер-филм во режија на Дени Бојл. Песната била номинирана за „Сателит“ награда, Награда од здружението на филмски критичари од Хјустон и Награда од друштвото на филмските критичари од Лас Вегас, како и за Оскар за најдобра оригинална песна. Ја освоила Наградата за најдобра песна од Здружението на филмски критичари.

Четвртиот албум на Дајдо, Girl Who Got Away, бил издаден од Sony Music Entertainment во март 2013 година. „No Freedom“ бил издаден како водечки сингл од албумот во јануари 2013 година. Албумот бил снимен во Лондон и Калифорнија Sleeve notes to girl who got away и има продукции од: Роло Армстронг, Систер Блис, Лестер Мендез, А.Р. Рахман, Рик Новелс, Грег Курстин, Брајан Ино и Џеф Баскер.

Во ноември 2013 година, Дајдо го издала албумот Greatest Hits, компилација од претходни песни и ремикси, а и една нова песна, „NYC“. Со објавувањето на Greatest Hits Дајдо ги завршила договорните обврски со RCA Records и навела дека понатаму планира самостојно да ја објавува својата музика.

2018–сега: Подоцнежна кариера десно|мини| Дајдо настапува во 2019 година На почетокот од 2019 година Дајдо потпишала со BMG за да го издаде нејзиниот петти албум. Дајдо соработувала со нејзиниот брат и долгогодишен соработник Роло Армстронг,"Dido Announces Her Return! New Album 'Still On My Mind' Out 3/8/19" . заедно со Рик Новелс и Рајан Лоудер. Албумот Still on My Mind бил објавен на 8 март 2019 година. Албумот бил поддржан со сингловите: „Give You Up", „Take You Home", „Friends" и „Just Because". За поддршка на албумот, Дајдо била на турнеја. Тоа била нејзина прва светска турнеја по 15 години. Делукс изданието од албумот било објавено на 15 ноември 2019 година, но не успеало да се најде на топ листите.

Дајдо била вклучена во албумот The Last Summer на нејзиниот брат Роло, кој бил издаден на 11 октомври 2019 година, под алијасот „R Plus“.

Личен живот По објавувањето на No Angel во 1999 година, и по долго време поминато на промовирање на албумот, Дајдо раскинала со нејзиниот вереник, адвокатот Боб Пејџ, по дванаесетгодишна врска. Дајдо во 2010 година се омажила за писателот Рохан Гевин. Тие имаат еден син, Стенли, кој е роден во јули 2011 година.

Дајдо вели дека е „верен“ доживотен навивач на фудбалскиот клуб Арсенал од Премиер лигата.

Таа има двојно британско-ирско државјанство поради тоа што татко ѝ е Ирец.

Дискографија

No Angel (1999) Life for Rent (2003) Safe Trip Home (2008) Girl Who Got Away (2013) Still on My Mind (2019) The Last Summer (Deluxe – with R Plus) (2020)

Наводи

Надворешни врски

Dido discography at Discogs

Категорија:Добитници на наградата „Ајвор Новело“ Категорија:Англиски кантавтори Категорија:Англиски поп-пејачки Категорија:Англиски гитаристи Категорија:Добитници на MTV Europe музички награди Категорија:Добитници на Британски музички награди Категорија:Англичани од француско потекло Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1971 година Категорија:Електропоп музичари Категорија:Англичанки во електронската музика Категорија:Добитници на Светски музички награди Категорија:Англиски пејачки Категорија:Трип-хоп-музичари Категорија:Пејачи од Лондон Категорија:Англиски кантавторки Категорија:Апсолвенти на Калифорнискиот универзитет (Лос Анџелес) Категорија:Англиски гитаристки