Рафаел Гомез Ортега, (, 1882 – 1960) исто така познат како Ел Гало („петелот“) бил тореадор од почетокот на дваесеттиот век. Тој потекнувал од семејство на познати тореадори, вклучувајќи го неговиот татко матадор, Фернандо Гомез Гарсија и помладиот брат матадор, Хозе Гомез Ортега. Тој денес е запаметен по неколку негови уникатни борбени техники како што била „еспантада“- или „неочекуван лет“, кој едноставно се состоел од негово бегство кога бикот ќе влезел во рингот. Други техники вклучувале борба со бикови од стол.

Неговите борби се сметале забавни за публиката, а поради овој „спортски дух“ седум пати бил изваден од пензија. Конечно се пензионирал на 4 октомври 1936 година. Коментаторите откриле дека неговиот периодичен страв од бикови бил карактеристичен за неговиот стил, забележувајќи дека често бил храбар кога му одговарало, а кога тоа не му одговарало паѓал на паника. Ортега подоцна го потрошил своето богатство и потоа бил издржуван од Хуан Белмонте. Тој бил кратко оженет со Пастора Империо, позната танчерка на фламенко. Починал на 25 мај 1960 година на 77-годишна возраст.

Наводи

Надворешни врски

Биографија на Ел Гало (на шпански)

Категорија:Починати во 1960 година Категорија:Родени во 1882 година Категорија:Статии со извори на шпански (es) Категорија:Тореадори