1836 Основани првите професионални противпожарни служби во Македонија. Овој ден се празнува како Ден на пожарникарството во Македонија. 1875 Во Париз се одржала дипломатска конференција за метарот, на која е основано Меѓународното биро за тегови и мерки. Со тоа започнало средувањето на безредието во областа на мерните единици на одделни физички големини. 1876 Во селото Разловци во Источна Македонија избувна Разловечкото востание на македонскиот народ против османлиската војска. И покрај неуспехот на востанието, тоа имаше големо значење за будењето на националната свест и за народноослободителната борба на македонскиот народ. 1926 Со мирот во Џеда потпишан со кралот Ибн Сауд, Велика Британија ја призна независноста на Саудиска Арабија. 1990 Во Романија на првите слободни избори по 45 години победи партијата Фронт за национален спас. 2023 Јаков Милатовиќ стапува на функцијата претседател на Црна Гора. 20 мај
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 20 мај (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.