Betty магазин е македонско месечно списание од областа на здравото живеење, медицината и фармацијата. Во магазинот се наоѓаат интервјуа со личности од Северна Македонија или пак информативни статии коишто се на тема од горенаведените области. Во статиите се покриени содржини кои дисутираат одредени болести или состојби и како читателот ним би можел да им пристапи на здравствен начин. Шеф на редакција е Гордана Димевска додека издавач е Феникс Фарма ДООЕЛ Скопје. Списанието е бесплатно и достапно во сите аптеки кои ги поддржубаат BETTY маркетинг концептот. Во списанието број 119 од февруари 2024 има дадено интервју и познатата македонска пејачка Викторија Лоба.
Наводи
Надворешни врски Официјална веб страница на Бети Официјална веб страница на списанието Бети
Категорија: Македонски медиуми