1514 Во Унгарија почна селанската буна под водство на благородникот Ѓерѓ Дож. Унгарските селани кои бараа враќање на „старите права“, по четиримесечни борби зазедоа поголем дел од територијата. Војската на Дож беше разбиена кај Темишвар, а загинаа околу 70.000 востаници. Ѓерѓ Дож беше свирепо убиен. 1805 Наполеон Бонапарт крунусан за цар на Италија во Миланската катедрала 1877 Романија прогласува независност од Османлиското Царство 1905 Со ираде (указ) на султанот Абдул Хамид II, Власите се признати како посебен народ во Отоманското Царство. Овој ден се одбележува како Национален ден на Власите. 1945 Главниот заповедник на Шуцштафел, Хајнрих Химлер се самоубива 1949 Создадена е Западна Германија 1962 Властите во Израел соопштија дека е уапсен поранешниот нацист, Адолф Ајхман, на кој ќе му се суди како на воен злосторник. 1988 Мишел Платини се повлекува од фудбалот 1994 Во Струга, во организација на Сојузот на студентите на Република Македонија, почна Првата македонска универзијада. 1995 Република Македонија и Украина воспоставиле дипломатски односи. 1995 Сан Мајкросистемс (Sun Microsystems) го претстави програмскиот јазик Јава. 23 мај
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 23 мај (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.