„Луѓето“ (наслов на оригиналот на англиски The Humans) е книга од англискиот романописец и автор Мет Хејг. Книгата е издадена во 2013 година преку Кенонгејт Букс во Единбург. Посветена е на Андреа, Лукас и Прл. Преводот на македонски е финализиран во 2023 година од страна на Љубица Стојковска.Луѓето / Мет Хејг ; [превод од англиски Љубица Стојковска]. - Скопје : Матица македонска, 2023. - 335 стр. 21 см. Превод на делото: The humans . Matt Haig ISBN 978-608-10-1008-4
Содржина Книгата започнува со цитат од Алберт Ајнштајн, којшто гласи „Штотуку добив нова теорија за вечноста.“ Предговорот е насловен „Нелогична надеж пред силна несреќа“. Книгата понатаму е поделена на три дела: Првиот дел е насловен „Си ја презедов моќта во своја рака“ Вториот дел е насловен „Држев скапоцен камен во прстите“ Третиот дел е насловен „Ранетиот елен скока највисоко“
Ликови Ендру Мартин, професор по математика и главен лик Изабел, негова сопруга, 41-годишна историчарка Гуливер, 15-годишен син на Ендру и Изабел Даниел Расел Табита Расел
Наводи