Влашка азбука () — варијанта на латинското писмо што се користи за пишување на влашки јазик. Тековната верзија на азбуката била предложена во 1997 година на Симпозиумот за стандардизација на влашкиот систем на пишување во Битола, Република Македонија и ревидирана во 1999 година. Потоа била усвоена од повеќето влашки писатели во Македонија, Србија, Албанија, Бугарија и Романија.
Азбука Азбуката се состои од повеќе букви и диграфи. Влашката азбука е стандардизирана од 1997 година. Буква Име Изговор (МФА) Забелешки A, a a – Ã, ã ã , (понекогаш) За , може да се користи „â“ B, b bã – C, c cã , , пред „a“, „o“, „u“ или согласка; ( во некои наречја), пред „e“ или „i“ D, d dã – Dh, dh dhã Се користи само за означување на одредени акценти каде што е присутна оваа фонема, инаку се користи „d“. Dz, dz dzã – E, e e – F, f fã – G, g gã , , пред „a“, „o“, „u“ или согласка ( in some dialects), пред „e“ или „i“ H, h hã – I, i i – J, j jã K, k ca само пред „e“ или „i“ L, l lã – Lj, lj ljã Се наоѓа во македонската латинска азбука] M, m mã – N, n nã – Nj, nj njã Се наоѓа во македонската латинска азбука O, o o – P, p pã – Q, q kiu Се користи само во странски зборови – вообичаено се користи „c“ R, r rã – Rr, rr rrã ? Се користи само за означување на одредени акценти каде што е присутна оваа фонема, инаку се користи „r“. S, s sã – Sh, sh shã – T, t tã – Th, th thã Се користи само за означување на одредени акценти каде што е присутна оваа фонема, инаку се користи „t“. Ts, ts tsã – U, u u , За , може да се користи „ù“ V, v vã – W, w dublã vã Се користи само во странски зборови X, x csã/gzã , Y, y i greacã , пред „e“ или „i“, инаку Z, z zã –
Дополнително, се користи и диграфот „gh“ ( /ɟ / пред „e“ и „i“).
Историја Пред усвојувањето на сегашниот систем на пишување, влашкиот јазик користел широк спектар на писма, вклучувајќи грчки и кирилица.
Со стандардизацијата на романскиот, јазик тесно поврзан со влашкиот, и со отворањето на романските училишта на јужниот дел на Балканот, за пишување на влашки се користела романската азбука.
Во 1980-тите и 1990-тите, бил обновен притисокот за создавање на стандарден систем за пишување. Влашкиот почнал да се учи во училиштата во Македонија, Албанија и Романија. Членовите на различни влашки друштва ширум светот одржувале конференции на неколку години, сите со главна цел да промовираат стандардна влашка азбука.
Покрај стандардизираната азбука, сè уште постојат и други варијанти. Оние кои се засновани на латинската азбука често ги користат буквите â, ă, î, ș, ț (како и романскиот) и исто така ḑ, ľ, ń. Во Грција, влашкиот обично се пишува со грчко писмо.
Поврзано Кирилица Грчка азбука Истророманска азбука Меглено-романска азбука Романска азбука
Наводи
Категорија:Латинични азбуки Категорија:Влашки јазик Категорија:Појавено во 1997 година