Терирем е албум на македонската фолк пејачка Сузана Спасовска. Албумот е издаден на 14 октомври 2023, преку нејзината Јутјуб платформа на Интернет.
Заднина На албумот, Спасовска е поткрепена од страна на црковниот клирос „Пелагонитса". Исократи се протопсалт м-р Георгиј Секулоски, Бранче Трајкоски и Александар Трајкоски. Секулоски ѝ служел како консултант во жанрот на источно-црковно пеење при подготовката на проектот, како и за реализацијата на двата одржани настапи. За литература, Спасовска се служела со Псалтикиина и света литургија, првата од Манасиј Поп Тодоров, а втората од Георгиј Секулоски. Партитурите биле во редакција на м- р Георгиј Секуловски.
Албумот е снимен во Скопје, во City Sound Studio. За продуценти служеле Љупчо Соколовски и Георгиј Секуловски. Сузана Спасовска, самата служела како извршен продуцент. Фотографијата на албумот е сликана од страна на Маја Динеска, а концептот и дизајнот се завршени од страна на Дејан Величковиќ и Душко Трифуновски. DVisualArt ја понудиле својата визуелна поддршка на проектот. Терирем е снимен со благослов на архиепископот оридски и македонски г.г. Стефан.
Насловот на албумот е земен од песна која Богородица му ја пеела на Исус Христос кога бил мал.
Содржина Во себе содржи православни црковни химни и песнопеења кои припаѓаат на жанрот на таканареченото источно-црковно пеење. Станува збор за православни и литургиски химни кои се дел од богатата богослужбена традиција на православните. Застапени се песнените стихотворенија коишто се пеат за време на чинот на осветување на Петтолебие, Празничната утрена на Рождеството Христово и на Воскресението, Литургијата на Претходно осветените дарови и Светата литургија на Св. Јован Златоуст.
Да исправитсја молитва моја Свјатиј Боже Господи помилуј Богородице Дево Тропар на Света Петка Римјанка Тропар на Свети Никола Славете го Господа - Седмостихие Псалм 135 Катавасии на Рождество Христово Спаси ни, Сине Божји - Единородни сине Кресту Твоему Елици во Христа Тебе поем Достојно Ест Света Дево Владичице Стихири на Пасха Терирем
Според православното предание, „Терирем“ била приспивна песна која Пресвета Богородица и Приснодева Марија, му ја пеела на својот Божествен Син и Младенец - Господ Исус Христос, Предвечниот Бог.
Промоција Како дел од проектот, снимени се спотови за сите 16 химни во цркви и храмови . Видеата главно се состојат од снимки од пејачката како ја изведува песната пропратена од страна на свештено лице, а камерата исто така ја прикажува и внатрешноста на црквата, вклучувајќи снимки од сите икони.
Концертни настани:
(ноември, 2025) - Концерт во Црква „Света Петка“ во Ратинген, Диселдорф, Германија - Сузана Спасовска и црковен клирос Пелагонитиса го изведоа концертот под назив „Терирем - христијанско музичко сведоштво од Македонија до Дијаспората. (јули, 2024) - Настап по повод петровденски денови во Кочани. Беа изведени дел од композициите на албумот. (октомври, 2023) - Прв концерт во Црквата „Света Петка“ во Прилеп, на кој Сузана Спасовска и Црковен клирос Пелагонитиса премиерно ги изведоа сите 16 православни песнопеења.
Наводи
Надворешни врски [Линк од албумот] на официјалниот канал на Јутјуб на Сузана Спасовска