Мунух (, Мавроталаса; до 1927 г. Μουνούχι, Мунухи) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот Округ, Грција.

Географија Селото се наоѓа во Серското Поле, источно од Нигрита и југоисточно од градот Сер. Лежи на 15 км од Струмскиот Залив.

Историја Во Отоманското Царство Црквата во североисточното маало Кула (Пиргос) е „Св. Ѓорѓи“, изградена во XVIII век. До неа имало кула по која е наречено целото маало.

На почетокот на XX век Мунух било село во Серскатата каза на Серскиот Санџак. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Монух (Монухъ) имало 300 Грци христијани.

По податои на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Мунух (Mounouh) се состоело од 50 Грци.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година Мунух броел 291 жител, кои во 1920 г. се намалиле на 245 лица. Во 1926 г. селото е применувано во Мавроталаса, но промената стапила на сила следната 1927 г. Во 1923 г. во селото се доведени грчки колонисти, највеќе од Северна Тракија, а остатокот од други делови на Тракија и Понт, како и Каракачани. Во 1928 г. Мунух е претставен како наполно дојденско село со 435 жители (107 семејства). По пресушувањето на Тахинското Езеро бројот на жителите се покачил, и во Мунух дошле уште доселенички семејства.

Во 1969 г. е изградена црквата „Успение на пресв. Богородица“. В 1979 година во Кула до „Св. Ѓорѓи“ е построена новата парохиска црква „Св. Марина“.

+ Месности во Мунух преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Меше Баир Μεσέ Μπαΐρ Гаврос Γάβροςвозвишение на СЗ над Мунух (72 м) Керимичилик Κεριμιτσιλίκι Керамидарио Κεραμιδαργιόмесност на ССЗ од Мунух Фриса Φρίσσα Заркадија Ζαρκάδιαмесност на СИ од Мунух Ховија Χόβια Приони Πριόνιмесност на СИ од Мунух, по десниот брег на Струма

Население

Општествени установи Цркви „Св. Ѓорѓи“ „Успение на Пресвета Богородица“ „Св. Марина“

Наводи

Категорија:Визалтија