Викторија Елизабет (В.Е.) Шваб (родена на 7 јули 1987 година) е американска писателка. Позната е по романот „Порочен“, серијалот „Нијанси на магија“ од 2013 година и „Невидливиот живот на Ади Лару“, кој бил номиниран за наградата „Локус“ во 2020 година за најдобар роман за фантазија. Авторката објавува книги за деца и млади под името Викторија Шваб. Шваб исто така е креатор на натприродната тинејџерска драма серија Прво убиство, заснована на нејзиниот расказ со исто име.
Младост и образование Шваб е родена на 7 јули 1987 година во Калифорнија и израснала во Нешвил, Тенеси. Шваб посетувала подготвително училиште за девојчиња. Дипломирала на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис во 2009 година. Таа првично планирала да студира астрофизика, но ги променила насоките откако посетувала курсеви за уметност и литература. Својот прв роман (необјавен) го завршила во втората година од студирањето, а својот деби роман, Блиската вештерка, го продала на Дизни пред да дипломира.
Кариера десно|мини| Шваб на Комиконот на Феникс во 2017 година Дебитантскиот роман на Шваб, Блиската вештерка, бил објавен од Дизни во 2011 година.
Личен живот Шваб пораснала во Нешвил, Тенеси и живеела во Сент Луис, Бруклин, Ливерпул и Единбург. Таа се декларирала како геј на 28 години.
Библиографија
Како Викторија Шваб
Серијалот „Темниот трезор“
Архивираниот (2013) Неврзаниот (2014) Остави го прозорецот отворен (2015) (расказ) Вратените
Серијалот „Секојдневен Ангел“.
Нови почетоци (2014) Втори шанси (2014) Последни желби (2014)
Серијалот „Чудовиштата од Верити“
Оваа дива песна (2016) Нашиот мрачен дует (2017)
Серијалот на Кесиди Блејк
Град на духови (2018) Тунел од коски (2019) Мост на душите (2021)
Самостојни дела
Spirit Animals: Fall of the Beasts - Broken Ground (2015) Затоа што сакаш да ме мразиш: 13 Приказни за негативци (2017) (писател со придонес) (Не) викај ме луд (2018) (писател што придонесува)
Како В.Е. Шваб
Серијал Негативци
Загревање (2013) (расказ) Порочен (2013) Одмазднички (2018) Победнички (TBD)
Графички романи Негативци
Извонредни (2021)
Серијалот Нијанси на магија
Потемна сенка на магија (2015) Собир на сенки (2016) Повикувајќи ја светлината (2017)
Серијалот Нишки на моќта (спин од на Нијанси на магија)
Кревките нишки на моќта (2023)
Серијалот Блиска вештерка
Момчето родено во пепел (2012) (новела) Блиската вештерка (2011)
Самостојни дела
„Прво убиство“, расказ (2020) Невидливиот живот на Ади Лару (2020) Галантно (2022)
Награди
Победник Гудридс 2018 - Најдобра научна фантастика за Одмаздлив Добитник Гудридс 2022 - Најдобра фантазија и научна фантастика за млади за Галантно
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Американски писатели