Макеш или Малеш (, Амбели; до 1927 г. Μακιαίς, Макеис; 1927-1934 г. Βαμβακιά, Вамвакија) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот Округ, Грција.
Географија Селото се наоѓа во Серското Поле, југозападно од Сер и северозападно од Нигрита.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX и почетокот на XX век Макеш било наполно македонско село во Серската Каза. Црквата „Сретение Господово“ е от 1800 година. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Макеш (Makèche) имал 48 домаќинства сочинети од 130 Македонци и 20 муслимани.
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Макеш:
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Малеш имал 240 жители, сите Македонци христијани.
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Макеш (Makeche) живееле 656 Македонци под Патријаршијата и 42 Роми. Во селото работело грчко училиште со еден учител и 47 ученици.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 277 жители, а во 1920 г. селото имало 280 лица. Макеш е преименуван двапати — во 1927 г. во Вамвакија и во 1934 г. во Амбели. Во 1923 г. во селото се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Макеш имал 687 жители, од кои 389 лица (85 семејства) биле дојденци, а останатите македонски староседелци.
Црквата „Успение на пресв. Богородица“ е изградена во 1929 г.
+ Месности во Макеш преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Ел Тепе Έλ Τεπέ Ксени Ξένοι Китклик Κιτικλίκι Куцура Κούτσουρα Кара Јурлук Καρά Γιουρλούκι Мавра Вата Μαύρα Βάτα Новино Νόβινο Кенурија Καινούργια Куразавли или Куразанли или Куранзали Κουρανζαλή Халасмата Χαλάσματαпоранешно село на ЈЗ од Макеш и на СЗ од Махмутли
Население
Општествени установи Црква „Сретение Господово“ од 1800 г. Црква „Успение на пресв. Богородица“ од 1929 г.
Личности Петър Тодоров (1888 – ?) — борец во МОО, четата на Христо Чернопеев Тодор Петров (1886 – ?) — борец во МОО, III чета на IV Битолска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен
Наводи
Категорија:Визалтија