Соломон М. Хсианг (англиски: Solomon M. Hsiang) е американски научник и економист кој ја води Лабораторијата за глобална политика. Тој е професор по јавна политика на на Универзитетот во Калифорнија, Беркли . Тој е ко-основач на лабораторијата за влијание на климата и е истражувач на National Geographic. Работата на Хсианг била прикажана во медиумски написи и влијаела врз политиката низ меѓународните и американските федерални институции.

Образование Во 2006 година, тој дипломирал Океанска и атмосферска физика, а неговата теза била на тема „Хемијата на озон за време на глобалните глацијации“

Во 2011 година, Хсианг се стекнал со докторат по одржлив развој на Универзитетот Колумбија . Неговата дисертација развила нови методи за интегрирање на науката за климата, економијата и политичките науки. Негови менотри за тезата биле Марк Кејн и Вилијам Бентли Меклеод.

Кариера Хсианг се приклучил на факултетот при Универзитетот во Калифорнија, Беркли во 2013 година во Голдмановата школата за јавна политика, каде што бил до 2015 година и бил унапреден во редовен професор во 2018 година. Во Беркли ја основал Лабораторијата за глобална политика, интердисциплинарна истражувачка група фокусирана на користење на науката за податоци за да ги разбере ефектите од глобалните промени во животната средина и меѓународната политика врз економијата, конфликтите, здравството и земјоделството. Во 2019 година бил визитинг професор на Универзитетот Стенфорд .

Хсианг ја коосновал Лабораторијата за влијание на климата со Роберт Коп, Мајкл Гринстоун и Тревор Хаусер, соработка на научници за клима, економисти и експерти за пресметување. Лабораторијата спроведувала истражувања и ги советувала владите и компаниите.

Истражување Работата на Хсианг се карактеризира со примена на економетријата и машинското учење на прашања кои ги поврзуваат науката и економијата.

Климатски промени Работата на Хсианг за економијата на климатските промени покажа дека високите температури и ураганите го забавиле економскиот раст, вклучително и во САД. Истражувањето на Хсианг покажуваат дека климатските промени би можеле да го намалат економското производство и да ја зголемат економската нееднаквост. Во авторски текст на Њујорк Тајмс од 2017 година, Тревор Хаусер и Хсианг пресметале дека ураганот Марија веројатно уништил 26 години економски развој во Порторико .

Хсианг и неговите соавтори покажале дека климатските промени влијаат на веројатноста за насилство во човечките општества низ целиот свет и низ историјата. Тимот на Хсианг пресметал дека глобалното затоплување ќе го зголеми криминалот и граѓанските конфликти.

Во анализата од 2014 година, Хсианг и коавторите покажале дека долгите периоди на екстремни температури ја зголемуваат миграцијата во Индонезија. Со Адам Собел, тој покажал дека слабите температурни степени во тропските предели може да предизвикаат екстремни миграции дури и во сценарио за затоплување +2C. Тимот на Хсианг ја анализирал ефективноста на мултилатералните политики, како што е укинувањето на мораториумот на ОН за меѓународната трговија со слонова коска, геоинженеринг, и правото на морето.

Награди Хсианг ја доби наградата Наука за решенија што ја доделува Американската геофизичка унија за „значителен придонес во примената и употребата на науките за Земјата и вселената за решавање на општествените проблеми“. Во 2014 година, тој бил споменат од магазинот Форбс во нивната листа 30 под 30. Тој бил прогласен за соработник на Кавли на Националната академија на науките во 2016 година, соработник за вештачка интелигенција за иновации на Земјата во корпорацијата Мајкрософт и Националното географско друштво во 2019 година, и соработник на Ендрју Карнеги од страна на корпорацијата Карнеги во 2020 година. Тој бил награден со претседателски медал од Геолошкото друштво на Америка во 2020 година.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Професори на Калифорнискиот универзитет, Беркли Категорија:Американски економисти Категорија:Климатолози