„Život je čudo“ () е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга. Песната е издадена во летото 2014 година. Песната е напишана од парот Хуљиќ, односно музичарот и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Аранжманот е завршен од Драган Ташковиќ Ташке и Борис Крстајиќ.

Со цел да ја промовира песната, Розга снимила и музичко видео снимено на планина и на плажа и режирано од Дарко Радусин.

Музичко видео Музичкото видео за песната е излезено на 18 јули 2014 година. Ја прикажува Розга во неколку приридни сетинзи, вклучувајќи планини, ливади и на плажа. Симона Антоновиќ се погрижила за нејзината шминка, Томислав Гело за фризурата, а Јурај Зигман за костумите. Од 2024 година, десет години по неговото издацвање, видеото ќе има 6.5 милиони прегледи на платформата за објавување и споделување видеа, Јутјуб.

Наводи

Категорија:Хрватски песни