Основно училиште „Кочо Рацин“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Кочо Рацин“ - Црничани; скратено: ПООУ „Кочо Рацин“) — подрачно основно училиште во селото Црничани, претставува единка на истоименото училиште од местото Нов Дојран.

Училиштето е именувано по македонскиот поет Кочо Рацин.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Црничани, на сретселото.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Дојран Црничани Категорија:Црничани (Дојранско)