Deep Blue Something ― американска рок-група позната по хит-синглот од 1995 година „Breakfast at Tiffany's" од нивниот втор албум Home.

Историја Групата била основана во 1991 година во Дентон, Тексас, од браќата Тод и Тоби Пајпс, тогашни студенти на Универзитетот во Северен Тексас. Браќата ги ангажирале тапанарот Џон Киртланд и гитаристот Клеј Бергус. Името „Deep Blue Something“ било изведено од репликата од „Ziggy Stardust“ од Дејвид Боуви.

Бергус ја напуштил групата пред таа да започне со снимање на првиот албум, 11th Song. Групата самостојно го издала албумот во 1993 година. Кирк Татом ѝ се придружил на групата по објавувањето на албумот. Во 1994 година, групата го издала вториот албум, Home, преку независната издавачка куќа Brando Records. Home бил реиздаден една година подоцна од големата издавачка куќа Interscope Records. Синглот „Breakfast at Tiffany's“ се искачил на петто место на Billboard Hot 100 и до врвот на топ-листата во Обединетото Кралство. Според Тод Пајпс, текстот на песната бил инспириран од изведбата на Одри Хепберн во играниот филм Празник во Рим, но тој сметал дека филмот од Хепберн Појадок кај Тифани е подобар како наслов за песната.British Hit Singles & Albums (Edition 18), Guinness World Records Limited

Кон крајот на 1995 година, Татом ја напуштил групата и Бергус се вратил на неговата улога како гитарист. Групата работела на нивниот трет албум под наслов Byzantium, кој требало да биде издаден во 1996 година. Сепак, Deep Blue Something се соочиле со правни проблеми поради авторски права на 11th Song и „Breakfast at Tiffany's“. Иако спорот бил решени, Interscope го одложиле издавањето на албумот. Interscope го издала албумот во 1998 година, но само во Јапонија.

Групата ја тужела издавачката куќа Interscope и добила ослободување од нивниот договор. Тие потпишале со Aezra Records, независна издавачка куќа со седиште во Феникс. Нивниот истоимен албум, кој содржел пет песни од Byzantium, бил издаден од Aezra во 2001 година. По објавувањето на албумот, членовите на групата меѓусебно „се оддалечиле“, и повеќе од една деценија работеле на одделни проекти.

Во 2014 година, Тод Пајпс на Инстаграм објавил фотографија во која најавил дека членовите на групата се повторно заедно и работат на нов проект, за кој на крајот се испоставило дека е EP под наслов Locust House. ЕР-то било објавено како дигитално преземање на 29 јуни 2015 година.

Членови Клеј Бергус – акустични и електрични гитари, придружни вокали (1991–1992, 1995–2001, 2014–сега) Џон Киртланд – тапани, перкусии (1991–2001, 2014–сега) Тоби Пајпс – акустични и електрични гитари, водечки и придружни вокали (1991–2001, 2014–сега) Тод Пајпс – бас гитара, водечки и придружен вокал (1991–2001, 2014–сега) Кирк Татом – акустични и електрични гитари, придружни вокали (1993–1995, 2014–сега)

Дискографија Студиски албуми 11th Song (1993) Home (1995) Byzantium (1998) Deep Blue Something (2001) Byzantium (2007)

Синглови Breakfast at Tiffany’s (1996) Josey (1996)

Наводи

Категорија:Музички групи основани во 1991 година Категорија:Музички групи распаднати во 2001 Категорија:Музички групи возобновени во 2014 Категорија:Музички групи од Тексас Категорија:Американски алтернативен рок музички групи