мини|260x260пкс|Вади во Мароко со вода по дожд Вади () — традиционален арапски израз за сува река, а со тоа и нејзиното суво корито, па дури и целата речна долина. Овие суви корита се полнат привремено или периодично со водени текови — најчесто за време на обилни дождови или во зимската сезона. Долините главно имаат стрмни падини, а на дното се натрупува нанос. Се смета дека вадијата се реликтни речни долини образувани во претходните, многу повлажни епохи. Тие достигнуваат стотици километри и завршуваат во падини, често без одводнување. Во Арапскиот Свет, зборот „вади“ често се појавува во географските имиња. «Словарь-справочник по физической географии, М., 1983 г.» – Вади, стр. 25
Наводи
Надворешни врски
IHP REGIONAL WADI HYDROLOGY NETWORK
Arab Center for Studies of Arid Zones and Dry lands (ACSAD)
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Кањони Категорија:Водотечни земјишни облици Категорија:Долини Категорија:Арапски зборови