мини|Листовите од кафе може да се подготват како билен чај Чајот со листови од кафе е билен чај подготвен од листовите на растението кафе. Овие листови, откако ќе се исушат, може да се сомелат или да се сронат, потоа да се приготвува или потопува во топла вода во форма слична на чајот. Добиениот пијалак е сличен по вкус на зелениот чај, но со помала содржина на кофеин од обичниот чај или кафе. Листовите од кафето многу личат на листовите и стебленцата на парагвајскиот чај (Ilex paraguariensis). Во некои региони, како што се Суматра и Етиопија, од растението кафе се земаат само листовите, а бобинките се оставаат на грмушката.
Во Етиопија, чајот со листови од кафе се нарекува кути и се консумира стотици години.
Поврзано
Кафе чај од цреша Кишр, јеменски пијалак со лушпи од кафе
Наводи
Категорија:Билни чаеви Категорија:Кафе