Основно училиште „Кочо Рацин“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Кочо Рацин“ - Куртамзали; скратено: ПООУ „Кочо Рацин“) — поранешно подрачно основно училиште во селото Куртамзали, кое претставувало единка на истоименото училиште од местото Нов Дојран.

Училиштето било именувано по македонскиот поет Кочо Рацин.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓало во самото село Куртамзали, на влезот во селото, веднаш десно од патот.

Настава

Во училиштето се изведувала настава од прво до петто одделение и наставата се изведувала единствено на турски наставен јазик.

Наводи

Категорија:Поранешни основни училишта во Општина Дојран Куртамзали Категорија:Куртамзали Категорија:Поранешни основни училишта во Македонија