Седум (, стилизирано како Se7en) — американски трилер во стил неоноар, режиран од Дејвид Финчер и сценарио на Ендру Кевин Вокер. Филмот раскажува за истрагата на двајца детективски партнери за серија убиства што се поврзани со седумте смртни гревови. Улоги: Бред Пит, Морган Фриман, Гвинет Палтроу и Кевин Спејси. Кинокритичарите ја пофалиле работата на режисерот и снимателите, глумата и музиката за филмот. Филмот „Седум“ и членовите на филмската екипа биле наградени и со голем број престижни филмски награди. Врз основа на филмот е создадена стрип-серија со исто име.
Содржина Кога пензионираниот полициски детектив Вилијам Сомерсет (Морган Фриман) се справува со последен случај со помош на новопрефрлениот Дејвид Милс (Бред Пит), тие откриваат голем број сложени и жестоки убиства. Наскоро сфаќаат дека имаат работа со сериски убиец (Кевин Спејси), кој е насочен кон луѓе за кои мисли дека ги претставуваат седумте смртни гревови. Сомерсет, исто така, се спријателува со сопругата на Милс, Трејси (Гвинет Палтроу), која е бремена и се плаши да го одгледа своето дете во злосторнички град.
Улоги ГлумецУлогаМорган Фримандетективот поручник Вилијам СомерсетБред Питдетектив Дејвид МилсГвинет ПалтроуТрејси МилсКевин СпејсиЏон ДоуЏон К. МакгинлиКалифорнија
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 1995 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски психолошки трилери