Ивица Џикиќ е босански писател и новинар. Роден е во 1977 година во Томиславград, СР Босна и Херцеговина, Југославија.

Кариера

Новинарска кариера Работел како новинар во неколку хрватски весници, а најголемо влијание оставил на крајно левиот весник Ферал Трибјун од Сплит каде што работел во 1996 година. Како новинар почнал да работи од своите 16 години, бил активен и во Слободна Далмација. Од 2001 година уредувал неколку хрватски списанија како „Нови лист“.

Писателска кариера Својот прв роман го објавил во 2003 година, наречен Циркус Колумбија, во издание на Ферал Трибјун. За овој роман бил награден и со наградата Меша Селимовиќ. Филмот Циркус Колумбија од 2010 година бил заснован на неговиот роман. Дејствието на романот бил во родниот град на писателот Томиславград, мал град во Херцеговина на почетокот на 1990-тите, непосредно пред војната во Босна. Во 2004 година Џикиќ објавил политичка биографија на поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ по име Домовински обрат (), во издание на ВБЗ од Загреб. Во 2007 година Џикиќ го напишал својот втор роман наречен Ништа слезове боје), објавена од Ферал Трибјун. Овој нов роман бил составен од три приказни, Зелен дворец (), Пробај да заспиеш, те молам () и Како ништо да не било (). Тој бил и главен писател на телевизиската серија Новине.

Наводи

Надворешни врски Slobodna Dalmacija. Ivica Đikić novi glavni urednik "Novosti". October 22, 2010. Jutarnji list. Glavni urednik Novog lista Ivica Đikić podnio ostavku Archived 2016-03-03 at the Wayback Machine. March 30, 2010.

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1977 година Категорија:Хрватски романописци Категорија:Хрватски новинари