Тина Морпурго (6 март 1907 – 1 јуни 1944) била хрватска сликарка од Сплит.

Морпурго била родена на 6 март 1907 година во Сплит во значајното еврејско семејство Морпурго кое потекнувало од Марбург, Германија. По средното училиште се посветила на сликарството и во 1931 година ја одржала својата прва самостојнаа изложба на која биле прикажани над педесет нејзини дела во масло, темпера и цртеж. Во 1932 година, Морпурго посетувала приватно училиште во Трст. Морпурго планирала да го продолжи своето школување и понатамошен уметнички развој во Минхен, но поради подемот на нацизмот и економската криза, таа останала во својот роден град и, разочарана, престанала да слика. Во 1943 година заедно со нејзините родители била депортирана во концентрациониот логор Бањица. На 1 јуни 1944 година, Морпурго била убиена од членовите на Шуцштафел. Нејзините слики биле спасени од преживеаните членови на нејзиното семејство и пријателите. Подоцна нејзините слики биле изложени, во 1974 година, во еврејската заедница во Сплит, во еврејската заедница во Белград и во Еврејскиот историски музеј во Белград во 1975 година.

Наводи

Библиографија Кечкемет, Душко (1971). Јевреји у историји Сплита. Сплит: Јеврејска општина, Сплит.

Категорија:Хрватски сликари Категорија:Хрватски Евреи Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Родени во 1907 година