Марек Родак (роден на 13 декември 1996 година, во Кошице) — словачки фудбалер, на Ал-Итифак и на словачката репрезентација.

Клупска кариера Родак ја започнал кариерата во својата татковина, во екипата на Кошице, пред да му биде понудено да дојде на проби во Фулам. Откако ги задоволил одговорните лица на клубот, во јули 2013 година, на 16-годишна возраст, тој потпишал договор со англискиот клуб и бил приклучен во академијата на Фулам.

Во следните години, тој бил испратен на неколку позајмици во Фарнборо, Велинг Јунајтед, Акрингтон Стенли и Ротерам Јунајтед со цел да добие повеќе можност за игра.

Своето деби за Фулам го направил на 8 август 2017, во натпревар од Лига купот на Англија против Викомб Вондерерс. Своето деби во Премиер лигата за Фулам, го направил на 12 септември 2020, во поразот со 0-3 од на Крејвен Котиџ, но остатокот од сезоната 2020-2021 го поминал како резерва за Алфонс Ареола, правејќи само уште еден настап во последното коло од првенството.

На 25 јули 2024 година, Родак потпишал тригодишен договор со клубот од Саудиската Про лига, Ал-Итифак.

Репрезентативна кариера Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 7 септември 2020 година, во натпреварот од Лигата на нации против , кој завршил нерешено 1–1.

Хронологија на репрезентативните настапи

Титули Фулам Чемпионшип : 1 2021-2022

Наводи

Надворешни врски

Марек Родак на soccerway Марек Родак на transfermarkt Марек Родак на espn Марек Родак на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Словачки фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Фулам