Тејлор Гејл Радерфурд (англ. Taylor Gayle Rutherfurd; родена на 10 јуни 2004), естрадно позната како Гејл (англ. Gayle; напишано со сите големи букви) ― американска пејачка. По потпишувањето на договор со Atlantic Records и Arthouse Entertainment, таа во 2021 година го издала синглот „ABCDEFU“, кој се пласирал на топ-листите низ цел свет, а бил на прво место во Обединетото Кралство, Ирска и на Billboard Global 200. Песната била номинирана за Греми за „Песна на годината“.

Живот и кариера Тејлор Гејл Радерфурд е родена на 10 јуни 2004 година во Плано во Тексас. На седумгодишна возраст започнала да се занимава со пеење, а подоцна се преселила во Нешвил за да ја продолжи музичката кариера. Таа навела дека е дислексична и дека има хроместезија, неволно субјективно поврзување на звук со боја.

По објавувањето на неколку самопродуцирани синглови, Гејл била забележана Кара Диогарди, поранешен судија во Американски идол и издавач во Артхаус. Гејл потпишала договор со Atlantic Records и Артхаус.

Во 2021 година, Гејл ја објавила нејзината прва песна за Атлантик „ABCDEFU“, која станала вирална на TikTok и Spotify. „ABCDEFU“ се искачила на трето место на Billboard Hot 100 и на врвот на топ-листите во Финска, Германија, Ирска, Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство. Се пласирала во топ-10 во Австралија, Австрија, Нов Зеланд и Швајцарија. На 19 јануари 2022 година Гејл ја објавила песната „Ur Just Horny“. На 18 март 2022 година, Гејл објавила мини-албум (EP) со шест песни под наслов A Study of the Human Experience Volume One.

На 7 октомври 2022 година, Гејл го објавила нејзиното второ ЕР, Study of the Human Experience Volume Two.

На 9 декември 2022 година, Гејл го објавила третото ЕР, A Study of the Human Experience Volume Two and a Half. Наместо нови песни, ЕР-то се состоело од осум нови верзии на песни од нејзините претходни две ЕР-а.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски поп-пејачки Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски пејачи и пејачки од 21 век Категорија:Американски пејачки од 21 век Категорија:Родени во 2004 година Категорија:Музичари со попреченост Категорија:Поп-панк пејачи Категорија:Американски алтернативен рок музичари Категорија:Американски алтернативни рок-пејачи Категорија:Пејачи од Далас