мини|256x256пкс|Фолксваген голф е петвратен хечбек Хечбек (, hatch = отвор и back = заден дел, одзади) — име на автомобил со еден или два реда седишта и задна врата на багажниот простор што се крева нагоре заедно со задното стакло. Хечбекот може да има втор ред преклопни седишта; при преклопување внатрешноста може лесно да се преуреди, создавајќи поголем обем на багажен простор. Хечбек-автомобилите можат да имаат дизајн со две или три различни прегради (простори, волумени). Името „хечбек“ подразбира скратен заден крај на каросеријата во споредба со седан или караван.
Раните примери на хечбекови потекнуваат од 1930-тите, а речникот Merriam-Webster го датира самото име од 1970 г. Дизајнот на хечбек-автомобилите го нудат производителите ширум светот, од „супермини“ до мали семејни коли, како и премиум автомобили и некои спортски автомобили.
Наводи
Надворешни врски Кој е најбрзиот „набилдан“ компактен хечбек? / ВИДЕО __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Видови автомобили