Кале — археолошко наоѓалиште во прилепското село Врпско. Претставува утврдена населба од доцноантичко време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа на рид со зарамнет врв, што се издигнува во непосредната близина на селото.

Опис

На наоѓалиштето се гледаат остатоци од бедем граден од кршен камен и варов малтер. Во внатрешниот простор на тврдината се среќаваат фрагменти од покривни ќерамиди, кршен камен, а спорадично и фрагменти од питоси.

Поврзано Црквиште — црква од средниот век; Градиште — населба и црква од доцноантичко и старохристијанско време; Грамос — населба од непознат период; Врпско; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Врпско