мини|300x300пкс| Петгодишно момче подготвува чај во близина на Дакар, Сенегал. Сенегалската чајна култура е важен дел од секојдневниот социјален живот. Сенегалскиот обичај за пиење чај е суштински сличен со оние на другите земји во регионот на Западна Африка, како што се Мали, Гвинеја, Гамбија и Мавританија. Во, и околу, Сенегал, чајот се подготвува и презентира во детален процес, а во волофскиот јазик е познат како атаја.
Изработка на атаја Некогаш се прави со нане, и особено се служи како социјална прилика после оброците. Тоа е пијалак што обично им се нуди на пријателите и посетителите. Се смета дека пиењето атаја промовира разговор и одржува пријателство затоа што е потребно долго време за да се подготви правилно. Некои автори го навеле чинот на правење атаја како форма на практична релаксација заедно со медитација и јога.Calm: Secrets to Serenity from Cultures of the World, Lonely Planet 2013, page 65
Атаја во сенегалски стил се служи во три одделни фази, наречени „три мешавини“:Една книга за готвење со африкански рецепти препорачува чајот веднаш да се послужи со дарежлива количина шеќер:Првата чаша е опишана дека има интензивна сладост што ја поништува силната танинска горчина за да даде шут што е речиси наркотичен по ефект. Втората чаша е послатка, а третата е многу слатка, но многу намалена во својата горчина бидејќи се користат истите листови за подготовка на сите три чаши.
Зборовите што се користат во различни етнички јазици, а го означуваат чајот, малиот метален чајник и нане обично се позајмени од арапски, што покажува дека сенегалскиот чајот од нане има мавританско потекло.
Повеќе од 80% од населението од 15 до 60 години пијат чај. Истражувањата имаат покажано дека поради високата концентрација на флуор во зелениот чај, оваа навика може да помогне да се спречат забни заболувања, особено забен кариес.
Во музиката Културното значење на сенегалското пиење чај било подвлечено во песната Атаја, песна на албумот на Исмаел Ло од 1986 година.
Поврзано
Сенегалска кујна
Наводи
Надворешни врски Видеа на кои се прикажани обичаите за пиење чај од атаја:
Еден човек демонстрира церемонијално служење чај на атаја. Пиење атаја во источен Сенегал, што исто така покажува подготовка на чајот на отворен оган со јаглен.
Категорија:Чајна култура