мини Жолтиот чај може да се однесува на кинескиот хунагча (黄茶;黃茶) и корејскиот хвангча ().

Кинески чај, хуангча мини|Кинески чај Тоа е сè поретка и поскапа сорта на чај. Процесот на правење жолт чај е сличен на оној на зелениот, но со дополнителен чекор на обвивка, или процесирање на чајот, давајќи им на листовите малку жолта боја за време на процесот на сушење. Жолтиот чај често се става во иста категорија со зелениот чај поради неговата лесна оксидација. Една од примарните цели на правењето жолт чај е да се отстрани карактеристичниот мирис на трева на зелениот чај.

Kорејски лај, хвангча мини|Корејски жолт чај Во корејската терминологија за чај каде што домашниот чај е категоризиран главно како зелен чај или ферментиран чај – „ферментиран“ практично значи „оксидиран“ со овој термин – „жолт чај“ се користи за означување на лесно оксидирана балхиоча без импликации на методите на обработка или резултат што би го квалификувал чајот како „жолт чај“ во кинеската дефиниција. За разлика од кинескиот хуангча, корејската хвангча се прави слично на улонг чајот или лесно оксидиран црн чај, во зависност од тоа кој го прави - клучната карактеристика е забележливо, но инаку релативно ниско ниво на оксидација што го остава добиениот пијалак од чајот жолт во боја.

Поврзано

Црн чај Улонг чај Зелен чај Бел чај

Белешки

Наводи

Категорија:Статии со текст на корејски Категорија:Статии со текст на кинески Категорија:Статии со текст на традиционален кинески Категорија:Статии со текст на упростен кинески Категорија:Чај