Велес Капут е еколошки документарен филм на велешаните Данчо Стефков, Владимир Тевчев и Александар – Сашко Кукулев за последиците од загадувањето на Топилницата во Велес.
Синопсис Велес Капут е филм кој на експлицитен начин низ слики и сведоштва ја раскажува потресната и силна приказна на борбата на жителите на Велес за чист воздух и достоинствен живот. Еколошкиот документарен филм е составен од три дела и истиот е поставен на јутјуб. Велес Капут прв дел https://www.youtube.com/watch?v=bQ93USoC9Lk Велес Капут втор дел https://www.youtube.com/watch?v=ojwzhxqXIOI Велес Капут трет дел https://www.youtube.com/watch? v=mbb3f5tZlkQ Во овој документарец се откриваат вистините на 35 годишното загадување на Топилницата за олово и цинк „Злетово“ во Велес. Велешката топилница од осумдесетите години оставила неизбришлив белег кај жителите кој и денес се чувствува. Во 2003 топилницата се затворила поради финансиски причини, па целиот фокус на неколкумина еколошки активисти го насочиле во докажување на загадувањето и последиците што тоа ги оставила во Велес. Кога во 2008 година ја купила топилницата фирмата Метрудхем Во филмот се опфатени сведоштва на активисти и лекари велешани за последиците врз здравјето на жителите. На овие сведоштва и фотографии кои се поткрепени со факти ниту еден гледач или слушател не може да остане рамнодушен. Се зборува за се она што се случувало со децении а фактите и вистината била вешто прикривана од јавноста. Само дрворедите не молчеле, секојдневно плакатите на починатите немо говореле за црниот облак над Велес. Системот познава брутални начини за да ги заштити елитите на сметка на невините луѓе, а последиците од неговото владеење преку работата на топилницата оставила длабока трага врз Велес и велешани. Разумот на велешани го надвладеал политичкиот пазар и тие се спротивставиле на повторното рестатирање на Топилницата. Во овие три дела од еколошкиот документарец лекарите од Велес зборуваат за раѓањето на бебиња со аномалии, за заболувањата кај жителите,за загаденоста на воздухот, водата, почвата и растителниот свет. Велешани на 9 ноември 2011 година со масовен протест на граѓани и активисти и еколошки здруженија кои ги подржуваат го реализираат најголемиот протест со околу 20 000 луѓе и гласно се спротивставиле на одлуката за рестартирање на Топилницата. Со паролата „ Топилница гут, Велес капут “ граѓаните јасно ставиле на знаење на целата македонска јавност дека разумот мора да надвладее. Со цврста одлука „Еден мора да си оди, или тие или ние“ велешани не дозволиле топилницата повторно да проработи. Галерија
Надворешни врски Велес Капут
Наводи
Категорија:Македонски документарни филмови Категорија:Климатски промени во Македонија