десно|мини|200x200пкс| Естонски национални носии: 1. Кадрина 2. Михкли 3. Сето
4.Пајсту десно|мини|200x200пкс| Естонски национални носии: 5. Муху 6. Карја 7. Тистама
8. Парну-Јагупи Естонскиот национален музеј е збирка на етнографски, културни артефакти и предмети од народна уметност од локалната култура. Се наоѓа во градот Тарту, Естонија. Основан e во 1909 година. Тоа е музеј посветен на фолклорното наследство на Јакоб Хрт, естонската етнографија и народната уметност. Првите примероци за музејот се собрани во втората половина на 19 век.Раун, Тойво. Эстония и эстонцы (неопр.). — Hoover Press, 2001. — С. 92. — ISBN 9780817928520.
Музејот ја следи историјата, животот и традициите на естонските и другите угрофински народи, како и на националните малцинства на Естонија. Постои комплетна колекција на традиционални естонски национални носии од сите региони. Колекцијата на врежани дрвени шолји за пиво ги илустрира традиционалните селски празници и викенди. Изложбата вклучува низа други ракотворби од рачно изработени теписи до ленени покривки за маса.Боусфилд, Джонатан. Прибалтийские страны (неопр.). — Rough Guides[англ.], 2001. — С. 385. — ISBN 9781858288406.
Главната зграда на музејот била уништена во операцијата Тарту за време на Втората светска војна. Во 2005 година, Министерството за култура на Естонија и Унијата на естонски архитекти, заедно со музејот, објавиле конкурс за создавање на нова зграда за Естонскиот национален музеј. Победник бил проектот на Меѓународната асоцијација на архитекти со делото Field of Memory. Отворањето на новата музејска зграда се одржало во 2016 година.
Наводи
Надворешни врски Официјална страница Категорија:Историски музеи Категорија:Етнолошки музеи Категорија:Историографија на Естонија Категорија:Историографија Категорија:Историски музеи во Естонија