Волтерс Шолс е група на потопени планини во близина на брегот на Мадагаскар. Волтерс шолс се 845 км јужно од Кејп Сент Мари - Мадагаскар и 1210 км источно од заливот Ричардс на африканскиот брег. Врвовите на некои од планините се само 18 метри под површината. Волтерс Шолс е дом на многу видови риби, ракови и мекотели. Откриена е во 1963 година од страна на јужноафриканската хидрографска фрегата САС Натал со капетан од Јохан Волтерс. Кога било откриено, имало огромна популација на ајкули од Галапагос, но тие оттогаш биле истребени.

Категорија:Индиски Океан