Министерство за образование, наука и иновации (португалски: Ministério da Educação, Ciência e Inovação) — португалско владино министерство, одговорно за дефинирање, координирање, спроведување и евалуација на националните политики насочени кон системот на општо и високо образование, науката и информатичкото општество, формулирање на политики за квалификации и обука.
Организациска структура На министерот за образование и наука му помагаат следните државни секретари:
Државен секретар за високо образование; Државен секретар за наука; Државен секретар за образование и училишна администрација; Државен секретар за основно и средно образование.
Историја
Министерство за јавно образование (1870 - 1870) Министерство на Кралството (1870 - 1890) Министерство за образование и ликовни уметности (1890 - 1892) Министерство за образование (1913 - 1974) Министерство за образование и култура (1974 - 1975) Министерство за образование и научно истражување (1975 - 1978) Министерство за образование и култура (1978 - 1978) Министерство за образование и научно истражување (1978 - 1979) Министерство за образование (1979 - 1980) Министерство за образование и наука (1980 - 1981) Министерство за образование и универзитети (1981 - 1982) Министерство за образование (1982 - 1985) Министерство за образование и култура (1985 - 1987) Министерство за образование (1987 - 2011) Министерство за образование и наука (2011 - 2015) Министерство за образование (2015 - 2024) Министерство за образование, наука и иновации (2024 - )
Помеѓу 2002 и 2011 година во Португалија, имало и други министерства за високо образование под следниве имиња:
Министерство за наука и високо образование (2002 - 2004) Министерство за наука, иновации и високо образование (2004 - 2005) Министерство за наука, технологија и високо образование (2005 - 2011)
Надворешни врски
Официјален сајт Категорија:Министерства за образование Категорија:Министерства на Португалија Категорија:Министерство за наука и технологија