Роберт Ф. Kахалан (роден 24 ноември 1946) e главен научник на Центарот за вселенски летови на НАСАSORCE UCO/LASP и претседател на Меѓународната комисија за радијација на Меѓународната асоцијација за метеорологија и атмосферски науки како и претсетдател на Меѓународната унија за геодезија и геофизика од 2008–2012 година.International Radiation Commission officers (2008-2012)
Биографија Кахалан пораснал во Мајамисбург, Охајо и Синсинати, Охајо и магистрирал и докторирал по физика во Универзитетот во Илиноис во 1969 и 1973 година. Тој се вклучил во Центарот за вселенски летови на НАСА како државен службеник. Таму бил од 1979, повлекувајќи се од државната служба во 2015 година за да стане главен научник. Во 2015 година, тој се приклучи и на Лабораторијата за применета физика на Универзитетот Џон Хопкинс како виш научник.
Во 2003-2006 година тој бил основач на Работната група за набљудување на Програмата за истражување на глобалните промени на САД која известувала за статусот на набљудувањата на Земјата во годишен извештај до Конгресот на САД и помагала во координацијата на Националната проценка на климата.
Кахалан го добил Медалот за исклучителна услуга на НАСА во 2006 година,NASA Honor Awards, 2006 медалот на НОАУ во 2006 година за „Извонредно лидерство и услуга“, а во 2009 година бил избран за член на Американското метеоролошко друштво.AMS Fellows
Кахалан сега живее во Гринбелт, Мериленд со неговата сопруга Маргарет Кахалан, со која се оженил во 1968 година. Има два сина, Џоел и Габриел. Во 2005 година, Калахан и неговата сопруга го основале CHEARS, Chesapeake Education, Arts, and Research Society, непрофитна организација посветена на промовирање на еколошкото чување и уметничко изразување во областа Чесапик.
Наводи
Надворешни врски
SORCE - Експеримент за сончево зрачење и клима Chesapeake образование, уметност и истражување општество Роберт Кахалан Био на НАСА Категорија:Американски научници Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1946 година