Муждел (, Милопетра; до 1927 г. Μουζδέλ, Муздел) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Неврокоп во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци муслимани.
Географија Селото се наоѓа на југозападните падини на Родопите и спаѓа во историско-географската област Чеч. Соседни села се Костен, Прибојна, Кољарба, Љубан, Ловчишта, Горна Лакавица и Оштица. Муждел е сместен меѓу реките Кајна и Мужделска Река пред да се слеат.
Историја
Во Отоманското Царство Во скратен регистар за ливата Паша од 1519 г. село Муждел е запишан вака — муслимани: 19 домаќинства, ергени - 10; немуслимани: 66 домаќинства, ергени - 7, вдовици - 7. Во подробен регистар за санџакот Паша од 1524-1537 г. во селото се заведени муслимани: 18, ергени - 17; немуслимани: 35, ергени - 6, вдовици - 6.Радушев, стр. 121-122 Во скратен регистар од 1530 г. Муждел имал муслимани: 18 домаќинства, ергени - 17; немуслимани: 35 домаќинства, ергени - 6, вдовици - 6.Радушев, стр. 131 Во подробен регистар на санџакот Паша од 1569-70 г. даночно обврзаното население е претставено вака: муслимани - 31 семејства и 61 ергени; немуслимани - 1 семејство и 5 баштини. Во подробен регистар за собирањето на данокот авариз од Неврокопската Каза за 1723 г. за селото Муждел (М’жнадел) се запишани 26 муслимански домаќинства.Радушев, стр. 222-223
Во XIX век Муждел било муслиманско село во Неврокопската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Меџилово (Médjilovo) било село со 33 домаќинства сочинето од 95 жители Македонци муслимани.Нарекувајќи ги „Помаци“. Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век Муждел (Миждилово) имало машко население на 107 Македонци муслимани кои живееле во 33 куќи. Според Васил К’нчов во 1900 г. Муждел (М’ждел) имал 60 куќи.
Во Грција Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. По податоци на БПЦ кон крајот на 1912 и почетокот на 1913 г. во Муждел живееле 70 семејства со вкупно 340 лица. Според грчка статистика во 1913 г. селото имало 395 жители. Во 1920 година населението се намалило на 292 лица.
Во 1923 г. населението како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки доселеници од Турција. През 1927 година името на селото е сменено от Муждел (Μουζδέλ) на Милопетра (Μυλόπετρα). До 1928 г. во Муждел се доселиле 69 грчки дојденци (23 лица). Во 1928 г. селото имало 88 жители, а во 1940 г. нивниот број се зголемил на 137.
Селото е напуштено за време на Граѓанската војна и повеќе не е обновено.
Наводи
Категорија:Историски села во Неврокоп (Егејска Македонија) Категорија:Чеч