Вронденска Клисура () — клисура во Катеринско, Егејска Македонија.
Описание Клисурата се наоѓа на местото каде реката Порос излегува од Олимп, близу остатоците од селото Старо Вронду. Клисурата има насока североисток – југозапад и долга е 5,5 км до месноста Катранарија. Почнува на околу 800 и се спушта до 400 м.н.в. На излезот од клисурата доминира малата црква „Св. Троица“, изградена на вертикална карпа над потокот, и е единствениот остаток од истоимениот манастир од XVI век. По оваа црква теснецот се нарекува и Светотроичка Клисура, а по друг параклис се нарекува и Клисура на Светите Архангели.
На многу места проаѓањето низ клисурата е доста тешко бидејќи има мали водопади и езера кои можат да ги преминат само истражувачи со соодветна опрема. Клисурата има впечатливи карпести образби. Во околината има мноштво пештери — Пентастомо, Марова Ќелија, Цапурнија, Полето на Сакис, Кстенија, Кутра.
Над клисурата оди патеката наречена „Патот на разбојникот“, која почнува од планинарскиот дом „Креватија“ на 1.008 м, минува крај потокот кај месноста Катранарија, а потоа низ месноста Папа Алони, па завршува по 3 часа во легендарната месност Клефтовриси, каде во 1925 г. по долга битка е убиен прочуениот разбојник Фотис Јанкулас.
Клисурата е прекриена со густа крајречна шума со врби, чинари, ели, јавори, дабови, смреки, прнари и црвени костени, а малку повисоко има шуми од црн бор. Се среќаваат десетици исклучително ретки и ендемски видови на цвеќиња.
Наводи
Категорија:Клисури во Егејска Македонија Категорија:Дион-Олимп Категорија:Олимп