Мостич бил висок функционер во Првото Бугарско царство во 10 век, за време на владеењето на Симеон I и Петар I. Тој ја носел титулата ичиргу-боил и најверојатно бил командант на гарнизонот во Преслав.
Мостич е познат од неговата надгробна плоча, пронајдена во црквата (денес позната како „црва на Мостич“) во Преслав. Надгробната плоча била откриена во 1952 од професорот Станчо Ваклинов и се чува во Националниот археолошки музеј.
Натписот на плочата е епитаф, што укажувало дека тој бил погребан во црквата: неговите останки исто така биле пронајдени, и откриле дека тој бил релативно низок (165–170 cm). Текстот е познат и по тоа што е еден од најраните извори во кои се споменува титулата "Цѣсарь"Entry for Tsesar in Old-bulgarian dictionary ("Цезар"Станислав Станилов, Българската монархия през средните векове, Класика и стил, 2003, , p. 69.).
Натписот гласи:
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Починати во 10 век Категорија:Прво Бугарско Царство