мини|250п|Атина, 1. век п.н.е. (Лувр)
Во старогрчката митологија, Атена (грчки: , Athēnâ, или , Athénē; дорски: , Asána; латински: Минерва) била божица на цивилизацијата, т.е. на мудроста, женските вештини, ткаењето, занаетот и дисциплинарните страни на војната (насилството и крволочноста биле Аресов домен). Нејзиниот пандан во римската митологија била божицата Минерва. Според некои толкувања, името Атена претставува инверзија од Анате, што на сумерски значи „Кралица на небото“. Најчесто се претставува со шлем, копје и штит со главата на Медуза.„Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 164.
Раѓање Според Хесиод, Атена била ќерка на Зевс и „советничката“ титанка Метида. Притоа, Атена се родила потполно возрасна и вооружана, од главата на татка си, кој ја проголтал бремената Метида.Artur Koterel, Rečnik svetske mitologije, Nolit, Beograd, 1998, стр. 205 - 206. Според Палазгите, Атена е родена во Либија, покрај езерото Тритон, каде што ја нашле и одгледале три либиски нимфи, облечена во јарешка кожа. Таа уште како девојче, случајно ја убила својата врсничка Палада додека си играле со лакови и стрели, па од тага за неа, на своето име го додала името Палада.Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 43. Според други, таа е родена од таткото Палант кој подоцна се обидел да ја силува, па таа го убила, му ја одрала кожата и го зела и неговото име, од неговата кожа направила штит, а неговите крилја ги ставила на својот грб. Според некои толкувачи, таа е ќерка на Итон, кралот на Фтиотида. исто така, постои и тврдење дека Атена е ќерка на Посејдон.
Карактеристики Атинината мудрост се поврзува со техничкото знаење потребно во ткаењето, металургијата, но исто така и со лукавоста (метис). Нејзини симболи се утот и маслиновото дрво. Првите приказни за Атини зборуваат за неа како божица на птиците. Првобитно е замислена како божица со крилја, а дури и во некои митови и самата била птица - ут. Затоа е чудно што подоцна во митовите, нејзините пораки доаѓаат преку орли, соколи и сл. Нејзината најдобра пријателка е Ника, божицата на победеата. Атина се појавува како заштитничка на многу грчки јунаци, вклучувајќи ги Херакле, Одисеј и Јасон.
Наводи
Категорија:Стара Атика Категорија:Илијада Категорија:Старогрчки божици Категорија:Старогрчка митологија Категорија:Потомство на Зевс Категорија:Олимписки богови Категорија:Сончеви божици