Хаврија (, Хавријас) — река во Касандриско, Егејска Македонија. Тече низ полуостровот Халкидик и завршува во Касандрискиот Залив на Егејското Море. Долга е 59 км.
Течение Реката извира од планината Пијавица, северно над поранешното село Пијавица под денешното име Мега Рема. Тече начелно во правец ССИ–ЈЈЗ. Од 59-те километри должина, 23 се на територијата на општинскатеединица Леригово, 10 на Полигеро, 8,5 км во Ситонија и 17,5 во Румилја. Реката минува крај Ново Село и Паљухор, на крајот од котлината го прима потокот Ксеролакос од Леригово и тече на југ низ Холомонда. Ја прима левата притока Ревеничка Река од Ревеник. Во месноста Смикси ја прима левата притока Ксинонери од подрачјето на Гомати. Тука го носи името Десис. Свртува на југозапад и ја прима големата десна притока Миладино. Излегува од планината кај Румилја, свртува на југ и се влева во Каснадрискиот Залив во месноста Палиомана кај населбата Ватопедска Плажа.
Притоки → лева, ← десна ← Плакес ← Аниксјатико ← Ксеролакос ← Караџа Лакос (Мавролакос) ← Мавронери → Комблицос → Ксинонери → Киријази Лака ← Миладино (Микрос Лакос, Транос Лакос) ← Пападјас Лакос ← Волица ← Пасхалодико ← Гредишта (Цулнарас, Ксеротопос, 12 км) ← Гундурос (Каприникија или Кундура, 18,9 км) → Дентокаријас → Дамаскинолакос
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Аристотел (општина) Категорија:Полигеро Категорија:Егејски слив