Љагуна, Љагано или Копанес (, Λιάγκανο, Κοπάνες) — планина во Гребенско, Егејска Македонија.

Опис Планината се наоѓа во западниот дел на Гребенско, дел од венецот Северен Пинд. На север се спојува со масивот на Орљачка Планина со билото Егзархос (1.300 м). Ја заобиколува реката Венетик на исток и притоката на Аспропотамос на југ и запад, која ја образува границата што ја двои од планинскиот комплекс Василица. Некои карти погрешно ја претставуваат како дел од Лигос.

Карпите се офиолити.

До врвот се стасува од билото Егзархос, каде што минува планинскиот пат кој ги поврзува селата Тиста (900 м) и Лавда (1.040 м) за околу час и половина.

+ Врвови Име Грчки Висина (м) Местоположба Љагуна, Копанес Λιάγκουνα, Κοπάνες 1.526 Агриомилија Αγριομηλιά 1.240 – 1.100 Кукос Κούκκος 1.160 Милеос Μηλεός 1.160

Поврзано Орљачка Планина Пинд

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Гребен (општина) Категорија:Пинд