десно|мини| Пинкас од еврејската заедница во Франкфурт на Одра Пинкас (, ) — книга на записи на еврејска заедница, во која се евидентирани случките и настаните поврзани со заедницата. Таквата книга на записи била користена за координирање и документирање на организациите во еврејските градови и села во раниот модерен период во Европа.
Потекло Поимот пинкас потекнува од грчкиот збор πίναξ, што значи табла или табла за пишување. Првично се однесувал на физичка табла за пишување, како што е опишано во Мишна, која доаѓа во три вида:
Табла покриена со прашина, која првенствено се користела за аритметички пресметки и доволно голема за да служи како седиште; Табла покриена со слој од восок, каде што се пишувало со помош стилус; и Мазна табла на која се пишува со мастило.
Со текот на времето, поимот еволуирал за да се однесува на книга составена од такви табли, и на крајот кој било писмен запис. Употребата на „пинкас“ за означување на регистер се наоѓа во Мишна:„Пинкасите се отворени, а раката пишува“.
Наводи
Категорија:Еврејска книжевност Категорија:Историја на Евреите во Европа Категорија:Ран нов век Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Грцизми