десно|мини|333x333пкс| Научник конзерватор користи уред за течна хроматографија и масена спектрометрија, Музеј на уметност во Индијанаполис, САД. Конзерватор научник — музејски професионалец кој работи во областа на науката во конзервација, а негов главен фокус на дејноста е истражување на објекти од културно наследство и развој на нови и подобри методи за конзервација и реставрација на споменатите предмети. Тој користи применети научни истражувања за да ги утврди материјалните, хемиските и техничките аспекти на културното наследство. Собраните информации ги споделува со конзерватор реставратор, реставратори и кустоси и сите заедно ги користат знаењата за да одлучат за најдобриот конзерваторски и реставраторски третман, односно соодветна грижа за одреден објект.

Обврски и одговорност Клучната должност на научниците конзерватори е научно заснована поддршка за развој на техники за најдобро зачувување, конзервација и реставрација на предметите од културното наследство.Whitmore, P. (Eds.). (2005). Conservation Science Research: Activities, Needs, and Funding Opportunities . (A Report to the National Science Foundation). Retrieved April 13, 2014. Оваа задача се исполнува првенствено на 4 основни начини:

1.) идентификација на материјалите и технологиите што се користат при изградбата на зградата.

2.) ги проучува механизмите на влошување на зградите.

3.) развива и тестира нови техники и материјали за конзервација и реставрација.

4.) развива и тестира нови аналитички техники и опрема.

Историја Првиот научник конзерватор вработен во музеј бил Германецот Фридрих Ратген во 1888 година тој работел во Берлинските кралски музеи.

Ситуацијата во Македонија Централна конзерваторска лабораторија при НУ Музејот на Македонија врши заштита на движно културно наследство од сопствените збирки,  а согласно матичноста дава услуги и на останатите музеи во Македонија. Во рамките на своето работење во Музејот, ЦКЛ делува во повеќе сегменти и активности со програми и проекти во музејската дејност преку основните шест правци на делување: конзерваторски истражувања, непосредна заштита на движни добра, превентивна заштита на културното наследство а се вршат и други работи од областа на едукација, документација и презентација на културното наследство.

Литература Варела, Е. Конзерваторска наука за културното наследство, Лондон 2013 година.

Наводи

Надворешни врски

Форум на ICCROM за наука за заштита, Рим, 16-18 октомври 2013 година март 2014 година ( Wayback Machine ) ICCROM Оддел за наука Гети Институт за конзервација Наука за конзервација Индијанаполис Музеј на уметност Наука за конзервација ArtBabble Конзервација: Научно видео Музеј на модерна уметност Категорија:Конзервација и реставрација Категорија:Музеи Категорија:Музејски работници Категорија:Музејски занимања