Музеј на современата уметност — музеј во Загреб. Се наоѓа на авенијата Дубровник бр. 17 во Нов Загреб во загрепската населба Средишќе. Изграден е по проект на архитектот Игор Франиќ. Камен-темелникот бил поставен во 2003 година, а музејот бил отворен на 11 декември 2009 година.
Историја Музејот е основан на 21 декември 1954 година со основање на Градска галерија на современа уметност, со цел документирање и промовирање на современата уметност. Како дел од првиот музеј, покрај галерија на современа уметност, имало и Центар за фотографија, филм и телевизија и библиотека. лево|мини|240x240пкс| Внатрешноста на музејот. Најпрво се наоѓал во дворецот Кулмер во Горњи Град. Во почетокот музејот имал мала збирка, но набрзо била збогатена со нови дела. Поради малиот простор музејот никогаш немал постојана поставка.
Одлуката за изградба на нов музеј на Авенијата Дубровник 17, на раскрсницата на авениите Вечеслав Хољевац и Дубровник во Нов Загреб била донесена во 1998 година. На архитектонскиот конкурс било избрано делото на архитектот Игор Франиќ.
Од 2014 година во Музејот се одржува манифестацијата Лето во МСУ.HRT/Hina: Ljeto u MSU - četiri koncerta na atraktivnim lokacijama HRT. 16 јуни 2020. Пристапено на 17 јуни 2020
Нов музеј Зградата на Музејот на современа уметност располага со вкупно 14.609,65 м2, од кои 3.500 м2 се за постојани поставки, а 1.500 м2 се за повремени изложби и тематски и ретроспективни изложби на најзначајните автори и појави на хрватската и меѓународната современа сцена.Zagreb Card Muzej suvremene umjetnosti Сакајќи да го редефинира значењето на постојаната поставка, да ги истакне промените во интерпретацијата и презентацијата на музејскиот материјал и да ги нагласи особеностите на современата уметност, променливоста, нестабилноста, непредвидливоста и движењето, музејот се одлучил за концептот Збирка во движење. Тие се составени од неколку музејски целини како „Уметноста како живот“, „Проект и судбина“, „Големата енигма на светот“, „Уметноста за уметноста“, „Зборови и слики“.
Музејот има и библиотека, мултимедијална сала, книжарница, ВИП салон, кафуле, ресторан, наставна сала и стан за посетители и кустоси. мини| Двоен тобоган. Установата организира мноштво образовни програми - стручни водства, ликовни работилници, предавања, тркалезни маси итн. Музејот содржи неколку збирки и над 12.000 дела од домашни и странски уметници, собрани од основањето на институцијата во 1954 година до денес. Делата се изработени во различни медиуми – сликарство, скулптура, цртеж, графика, фотографија, видео, филм, инсталации, интернет уметност, постери, медиумска уметност, дела на хартија итн. Најважна е архивата на фотографии од Тошо Дабац, збирката од ателјето на Иван Кожариќ, збирките на Вјенчеслав Рихтер, Бенко Хорват и дар од Силвана Сејсел. На новоотворената изложба, најпознатото дело е Двојниот тобоган на Карстен Хелер, кој ги поврзува сите катови на северното крило, светлечкиот објект Уметникот на работа од Далибор Мартинис и скулптурата Очи на прочистувањето, што се наоѓа на влезната платформа.Culturelink Muzej suvremene umjetnosti
Занимливости Посебност е ЛЕД екранот кој го покрива поголемиот дел од западната страна на музејот. Долг е 90 метри. На него се проектирани уметнички видео дела со кои Музејот комуницира со минувачите, шетачите, возачите, а не само со музејската публика. Тој е еден од најголемите екрани во овој дел од Европа.
Наводи
Надворешни врски
Официјално семрежно место Brochure with basic information about the museum in English Статија за иторијата на музејот објавена во Vijenac
Категорија:Култура на Загреб Категорија:Музеи на современата уметност Категорија:Музеи во Загреб