Александра Ковачевска-Цана, моминско Пановска, ( во , егејскиот дел на Македонија — ) — борец во Грчката граѓанска војна и членка на групата „Костурчанки“.
Животопис
Семејство Во НОБ на Македонија и во Граѓанската војна во Грција е учесник од 1943 до 1949 година. Целото нејзино семејство учествувало во национално-ослободителното движење. Татко и Никола Пановски бил предвоен комунист, кој за времето на НОБ бил позадински работник, а во Граѓанската војна бил секретар на Окружниот одбор на НОФ за Костурско. Александра била член на Окружниот одбор на АФЖ и политички комесар на чета на раненоносачката единица од реонот Вичо-Малимади се до капитулирањето на ДАГ. Тогаш преминала во Албанија, а од таму емигрирала во Чехословачка, од каде во Македонија со својот сопруг првоборец Милтијади Ковачевски (родум од Смрдеш, Костурско) и три малолетни деца дошла во 1966 година.
Костурчанки лево|мини|Костурчанки (од лево кон десно): Лина Цалева, Евдокија Балева - Фотева - Вера, Киља Шмагранова, Александра Ковачевска, Марика Макриевска и Василка Чочева. Александра во групата „Костурчанки” членувала од 1971 година. Заедно со Киља Шмагранова ги започнувала песните. Пеела и како сопран во хорот„ Борец ” од неговото формирање.
Членовите на семејството од Александра биле познати песнопејци. Нејзините родители и брат и биле љубители на изворниот мелос. Таа традиција ја продолжиле и нејзините деца. Цана со својата ќерка Јованка членувале во КУД „Орце Николов” - Скопје.
Позната е изјавата на Александра: „Иако станавме баби, имаме и внучиња, ќе играме и ќе пееме додека имаме душa, нека нашата песна и оро од Костурско се чуе насекаде, за да не се заборави никогаш.”
Наводи
Категорија:Членови на ДАГ Категорија:Членови на Костурчанки Категорија:Луѓе од В’мбел Категорија:Македонци во Грчката граѓанска војна