Baltimora (транскрипција: Балтимора) ― поранешна италијанска музичка група од Милано, активна од 1984 до 1987 година. Најпозната песна од групата била „Tarzan Boy“ од 1985 година. Песната „Woody Boogie“ (1985) била популарна во неколку европски земји, како и во нивната родна Италија.
Историја на групата На почетокот од 1984 година Маурицио Баси (музички продуцент и музичар од Милано) се запознал со Џими Мекшејн (роден во Дери, Северна Ирска). Тие решиле да основаат група и го избрале името Балтимора, според американскиот град Балтимор на кој му ја додале буквата „а“ за да звучи поиталијански.
Првиот сингл на Балтимора, „Tarzan Boy“, бил издаден во април 1985 година и станал огромен хит во Европа; стигнал до 6-то место на италијанската топ-листа за синглови и се пласирал во топ-5 на топ-листите во: Германија, Швајцарија, Австрија, Шведска, Франција, Холандија, Норвешка и Обединетото Кралство. Вториот сингл, „Woody Boogie“, исто така имал забележителен успех и се пласирал во топ-20 во: Германија, Швајцарија и Шведска.
Првиот албум на Балтимора, Living in the Background , бил издаден во Европа на крајот од 1985 година и во САД во 1986 година. И покрај успехот на „Tarzan Boy“, Living in the Background имал само умерен успех на топ листите; успеал да влезе во топ-20 на топ-листите во само неколку земји во Европа, и до 49 место на американската топ-листа.
Откако вториот албум на Балтимора, Survivor in Love (1987) и синглот „Key Key Karimba“ не успеале да се пробијат на топ-листите, Балтимора ја загубила поддршката од издавачката куќа и Баси решил да ја распушти групата.
Џими Мекшејн починал од СИДА во март 1995 година.
Наводи
Категорија:Музички групи основани во 1984 година Категорија:Италијански музички групи Категорија:Музички групи распаднати во 1987 Категорија:Новобранови групи Категорија:Диско групи