мини|288x288пкс|Училиштето во Ваташа. Ваташкото училиште „Даскал Камче“ — едно од првите читалишта на село во Македонија, отворено на 19 септември, 1869 година.
Изградба и дејност мини|229x229пкс|Гоце Делчев, одржал говор во училиштето во 1901 година, при неговиот престој во Ваташа. Јордан Хаџи Константинов-Џинот пишувал за постоењето и функционирањето на читалиштето со напис во весникот „Право”. Просториите во кои било сместено читалиштето се наоѓале во училиштето кое го носело името на првиот македонски печатникар и преродбеник Даскал Камче Поп Ангелов. Училиштето имало приземје и спрат, а било долго 22, а широко 12 метри. Имало две големи училници, помошни простории, како и соба за учителот. Училиштето започнало да се гради во 1860 година кога главен учител во Ваташа бил Андон Грков. Селото Ваташа, било едно од првите од таков вид читалишта на село во Македонија. Било снабдено со весници, списанија и книги. На годишнината од формирањето на читалиштето, на 3 јуни 1870 година, жителите од Ваташа по завршувањето на богослужбата во црквата „Св. Богородица“ заминале во читалиштето и поголем дел од нив подариле пари за купување нови книги. Меѓу дарителите биле: Хаџи Ѓорѓи Китанов – 20 гроша, Димитар Стојанов – 30 гроша, Алекси Поп Стефанов, учител - 21 грош, Даскал Тодор – 90 гроша, Христо Златев – 21 грош, Стојко Усков – 40 гроша, Стојан Станоев – 35 гроша, а од преостанатите присутни донатори биле собрани уште 112 гроша. лево|мини|246x246пкс|Училиштето (народното читалиште) во Ваташа Како факт кој кажува дека селаните ја сакале книгата и имале почит спрема неа, се гледа преку списокот на претплатници за книгата „Служение еврејско”, од кои 312 македонски, 38 биле од Тиквешијата, а од нив, 13 биле од Ваташа. Меѓу нив биле и: Даскал Камче Колев Поп Ангелов, поп Ангеле, поп Крсте, поп Михаил, Јанаки Темелко Пинџуров, Апостол Темелков, Христо Јорданов, Томе Коџобашијата и Кимо Ќурчиев.
Во него голем народен собир во септември 1901 година одржал Гоце Делчев, кој притоа рекол: „Чувајте го ова убаво училиште како очите во главата, затоа што куќа може полесно да се изгради, но не и вака големо и убаво училиште“. Денес училиштето не постои, а се наоѓало спроти црквата Св. Богородица.
Наводи
Категорија:Училишта Категорија:Ваташа Категорија:Македонски учители