Кастри () — поранешно село во Нигритско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Визалтија во областа Централна Македонија, Грција.
Географија Селото било сместено во Серско Поле, југоисточно од Нигрита и околу 4 км јужно од селото Кучос, на надморска височина од 65 м. Од селото денес е останата манастирската црква „Св. Архангели“ од 1854 г.
Историја Во XIX век Кастри било грчко село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Кастри (Kastri) имало 23 домаќинства и 75 жители Грци.
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Кастри имало 150 жители Грци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кастри (Kastri) имало 150 жители Грци. Во селото работело грчко училиште со 1 учител и 20 ученици.
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 114 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 102 лица. Во 1928 г. тоа броело 197, а во 1940 г. 211 лица. Селото се распаднало за време на Втората светска војна и не било обновено. Неговите жители се преселиле во соседното село Кучос.
Наводи
Категорија:Историски села во Визалтија